(Видео) Автомобил излетал од патот и удрил три деца во Германија, едно дете загина, а друго е во критична состојба
Во германскиот град Динслакен се случила тешка сообраќајна несреќа во која загинало едно дете, додека друго се наоѓа во критична состојба, откако автомобил налетал врз нив во близина на училиште.Жена на возраст од 47 години изгубила контрола над возилото, излетала од коловозот и удрила тројца дванаесетгодишници кои се движеле со велосипеди, најверојатно на пат кон училиште.Од силината на ударот две деца се здобиле со повреди опасни по живот, а едното починало кратко по приемот во болница. Третот...