Загинаа 12 лица во израелски напад во Либан

Во израелски воздушен напад врз село во источен Либан загинале 12 лица, објавија државните медиуми.Нападот доцна синоќа го погодил селото Машгара во долината Бекаа, пренесе либанската државна новинска агенција, Национална новинска агенција.Ударите уследиле откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопштил дека одобрил нови напади врз Хезболах, кој дејствува во јужниот дел на Либан.Израелската армија не го коментирала конкретниот напад, но вчера соопштила дека гаѓа инфраструктура на Хезболах...

пред 3 седмици | 9
skopje1.mk

Загинаа 12 лица во израелски напад во Либан


Сподели преку

„Граѓаните ќе платат над 60 милиони евра само за камати од новото задолжување на Владата“, вели Битиќи

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, денеска на прес-конференција во Собранието оцени дека новото задолжување на Владата од 260 милиони евра ќе претставува сериозен финансиски товар за граѓаните поради високите каматни стапки.Според Битиќи, врз основа на актуелниот шестмесечен ЕУРИБОР од 2,562 проценти и договорената маржа од 2,10 процентни поени, заемот во моментов би чинел околу 4,66 проценти годишно.Тој посочи дека, зависно од распоредот на отплата, државата би платила меѓу 58 и 64 милиони евра...

пред 3 седмици | 3
skopje1.mk

„Граѓаните ќе платат над 60 милиони евра само за камати од новото задолжување на Владата“, вели Битиќи


Сподели преку

Хороскоп до крајот на мај: Некои ќе слават успех, други ќе решаваат проблеми

Последната недела од мај носи големи пресврти на љубовен и професионален план за сите хороскопски знаци. Додека некои ќе добијат финансиски можности и успех на работа, други ќе мора да се соочат со емотивни недоразбирања и нерешени прашања од минатото.За Овен се отвора можност за нова деловна понуда или напредување. Во љубовта, партнерот може да биде изненаден од импулсивен потег, а слободните ги очекува ново познанство. Се препорачува внимание поради стрес и помали повреди.Бик може да очекува п...

пред 3 седмици | 3
skopje1.mk

Хороскоп до крајот на мај: Некои ќе слават успех, други ќе решаваат проблеми


Сподели преку

Тешка несреќа во Белгија: Воз удрил во училишен автобус, има загинати

Повеќе лица загинале во судир меѓу воз и училишен автобус во белгискиот град Бугенхаут, меѓу Антверпен и Брисел.Белгиската полиција ги истражува околностите под кои дошло до несреќата, а околу 100 патници од возот биле евакуирани и згрижени по судирот што се случил утрово.Во училишниот автобус имало седум деца и едно возрасно лице. Според белгиските медиуми, возот бил на околу еден километар од станицата и веќе почнал да забавува во моментот на несреќата.Во 8:08 часот автобусот влегол на железни...

пред 3 седмици | 3
skopje1.mk

Тешка несреќа во Белгија: Воз удрил во училишен автобус, има загинати


Сподели преку

Железничкото поврзување и превозниците во фокус на средбата Николоски–Бутковиќ

Во рамки на официјалната посета на владата на Хрватска, денеска во Охрид се одржа работна средба меѓу вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и заменик-претседателот на хрватската влада и министер за поморски работи, транспорт и инфраструктура Олег Бутковиќ.Како што соопшти Министерство за транспорт, на средбата се разговарало за развојот на транспортниот сообраќај во регионот, можностите за продлабочување на соработката во железничкиот сектор, како и за зајакнување на економс...

пред 3 седмици | 9
skopje1.mk

Железничкото поврзување и превозниците во фокус на средбата Николоски–Бутковиќ


Сподели преку

ЈП Комунална Хигиена - Скопје и годинава ќе постави садови за одлагање на органскиот отпад во пресрет на Курбан Бајрам

ЈП Комунална хигиена-Скопје соопшти дека и годинава ќе постави специјални контејнери за одлагање органски отпад во пресрет на верскиот празник Курбан Бајрам.Како што информираат од претпријатието, садовите ќе бидат поставени денеска по 14 часот во скопските општини каде што празникот масовно се одбележува.Од Комунална хигиена апелираат граѓаните остатоците од курбанот да ги одлагаат исклучиво во поставените контејнери, предупредувајќи дека фрлањето органски отпад на јавни површини може сериозно...

пред 3 седмици | 3
skopje1.mk

ЈП Комунална Хигиена - Скопје и годинава ќе постави садови за одлагање на органскиот отпад во пресрет на Курбан Бајрам


Сподели преку

Откриен нов и опасен вид холестерол: Не реагира на стандардни лекови

Научниците откриле нов вид холестерол познат како „ремнант“ или преостанат холестерол, за кој сѐ повеќе експерти сметаат дека може да биде најопасниот тип за кардиоваскуларното здравје. Дополнителен проблем е што овој холестерол слабо реагира на статини – најчесто користените лекови за намалување на холестеролот – а тешко се открива и со стандардните анализи на крвта.Со години приказната за здравјето на срцето се сведуваше на „добриот“ ХДЛ и „лошиот“ ЛДЛ холестерол. Но, според експертите, постои...

пред 3 седмици | 3
skopje1.mk

Откриен нов и опасен вид холестерол: Не реагира на стандардни лекови


Сподели преку

„Само специјалниот бугарски пратеник Филипче слепо му верува на Радев кога вели дека уставните измени се последната препрека за влез во ЕУ“, вели Манасиевски

Денеска на прес-конференција, портпаролот на партијата Валентин Манасиевски, повторно упати остри обвинувања кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче, тврдејќи дека тој „слепо му верува“ на бугарскиот претседател Румен Радев дека уставните измени се последната пречка за членство на Македонија во Европската Унија.На прес-конференција, портпаролот на партијата Валентин Манасиевски оцени дека внесувањето на Бугарите во Уставот е „само првиот од многуте чекори“ што, според него, бугарските власти ги поста...

пред 3 седмици | 3
skopje1.mk

„Само специјалниот бугарски пратеник Филипче слепо му верува на Радев кога вели дека уставните измени се последната препрека за влез во ЕУ“, вели Манасиевски


Сподели преку

Малолетник возел мопед без возачка дозвола

Полициски службеници од СВР Тетово синоќа лишиле од слобода 16-годишен малолетник од тетовското село Ларце, кој бил затекнат како управува мопед без положен возачки испит.Како што информира полицијата, на 25 мај 2026 година околу 20:30 часот на булеварот „Маршал Тито“ во Тетово, малолетникот управувал мопед „тианинг“ со тетовски регистарски ознаки.Со тоа, според полицијата, сторил кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик.Малолетникот, во присуство на родител, бил спроведен во полициска...

пред 3 седмици | 9
skopje1.mk

Малолетник возел мопед без возачка дозвола


Сподели преку

Грција ги засилува контролите за Airbnb: Илјадници сопственици добија известувања

Грчката даночна управа започна обемна проверка на пријавените приходи од краткорочно издавање, отворајќи илјадници досиеја на даночни обврзници поврзани со недвижности огласени на дигитални платформи како Airbnb.Независната управа за јавни приходи (AADE) користела податоци доставени директно од платформите двапати годишно за споредба на пријавените приходи со приходите евидентирани онлајн.Со електронските проверки биле утврдени разлики од 1.000 до дури 40.000 евра помеѓу сумите пријавени пред да...

пред 3 седмици | 3
skopje1.mk

Грција ги засилува контролите за Airbnb: Илјадници сопственици добија известувања


Сподели преку

Тетовец возел без возачка дозвола, полицијата му го одзеде возилото

Полициски службеници од ПС Тетово синоќа лишиле од слобода 25-годишник од тетовското село Порој, откако бил затекнат како управува возило без возачка дозвола.Како што информира СВР Тетово, на 25 мај 2026 година околу 20 часот во населбата Дреновец-Порој било запрено патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.М.(25) од Порој.При контролата било утврдено дека возачот не поседува возачка дозвола.Поради сомнение за сторено кривично дело по член 297-а од Кривичн...

пред 3 седмици | 9
skopje1.mk

Тетовец возел без возачка дозвола, полицијата му го одзеде возилото


Сподели преку

Град Скопје најавува нов тендер за автобуси

Тендерот за набавка на нови автобуси во Скопје повторно ќе биде распишан во рок од една недела, најавуваат од Град Скопје, откако претходната постапка за набавка на 150 електрични автобуси пропадна.Според градските власти, првите нови автобуси би можеле да пристигнат за неколку месеци, но јавниот превоз во главниот град повторно останува во фаза на нови рокови, најави и неизвесност.Претходниот тендер за набавка на 150 електрични автобуси и 75 полначи беше распишан од Министерството за транспорт...

пред 3 седмици | 9
skopje1.mk

Град Скопје најавува нов тендер за автобуси


Сподели преку

Грција нема да воведе данок за празни станови

Програми за социјално домување, ограничувања и мерки против краткорочното изнајмување, поттикнување на отворање на затворени недвижности, како и даночни мерки за оние што остануваат празни, се дел од станбените политики во Хрватска, Шпанија и Ирска.Овие модели биле избрани како „најдобри практики“ во еврозоната и биле разгледани на состанокот на Еврогрупата во Никозија, на иницијатива на Киријакос Пиеракакис.Претседателот на Еврогрупата за првпат го ставил прашањето за станбената криза на агенда...

пред 3 седмици | 9
skopje1.mk

Грција нема да воведе данок за празни станови


Сподели преку

Грчкиот туризам со силен раст во првиот квартал: Над 3,4 милиони посетители во првите три месеци

Првиот квартал од годината за грчкиот туризам заврши со силни стапки на раст во однос на бројот на посетители и приходите, покажувајќи значителна отпорност и покрај сериозните геополитички турбуленции, пишува Екатимерини.Овие резултати се особено значајни ако се земе предвид дека клучни пазари за грчкиот туристички сектор, како поширокиот Блиски Исток и Израел, практично беа надвор од игра.Особено во март, авионската поврзаност со овие региони беше речиси целосно прекината поради пошироките воен...

пред 3 седмици | 3
skopje1.mk

Грчкиот туризам со силен раст во првиот квартал: Над 3,4 милиони посетители во првите три месеци


Сподели преку

Инцидент над Грција: Борбени авиони во воздушен „конфликт“

Вооружени турски борбени авиони продолжиле со нарушување на грчкиот национален воздушен простор, а еден од инцидентите довел до симулирана воздушна борба меѓу два грчки Ф-16 и два турски Ф-16 во областа меѓу островите Лемнос и Лезбос.Како што пренесува „Катимерини“, повикувајќи се на грчки официјални претставници, ова бил трет ваков инцидент од почетокот на 2026 година. Претходните случаи биле регистрирани на 26 март и на 12 мај.Грчките власти соопштиле дека во понеделникот биле забележани 10 на...

пред 3 седмици | 9
skopje1.mk

Инцидент над Грција: Борбени авиони во воздушен „конфликт“


Сподели преку

Американски аналитичар: Крајната цел на Трамп во војната со Иран е предавање

Во анализа за „The Atlantic“, американскиот историчар и надворешнополитички аналитичар Роберт Кејган наведува дека почнуваат да се наѕираат контурите на она што би можела да биде крајната цел на американскиот претседател Доналд Трамп во конфликтот со Иран.Според анализата, Трамп во телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху наводно објаснил дека Соединетите Американски Држави со Иран преговараат за „писмо на намери“ со кое формално би завршила војната и би започнал 30-дневен п...

пред 3 седмици | 3
skopje1.mk

Американски аналитичар: Крајната цел на Трамп во војната со Иран е предавање


Сподели преку

Оваа недела само три работни дена и нов продолжен викенд

Граѓаните оваа недела ќе имаат само три работни дена, бидејќи 29 мај, петок, е неработен ден по повод Духовден, што носи уште еден продолжен викенд.До крајот на 2026 година остануваат уште неколку неработни денови и продолжени викенди.За сите граѓани на Македонија неработни ќе бидат:3 август (понеделник) – Ден на Републиката, бидејќи 2 август паѓа во недела8 септември (вторник) – Ден на независноста12 октомври (понеделник) – Ден на народното востание, бидејќи 11 октомври е во недела23 октомври (...

пред 3 седмици | 8
skopje1.mk

Оваа недела само три работни дена и нов продолжен викенд


Сподели преку

„Кроација ерлајнс“ ги намалува летовите од Загреб кон Скопје и Сараево

Кроација ерлајнс продолжува со намалување на бројот на летови на релациите Загреб–Скопје и Загреб–Сараево, објави специјализираниот портал Ex-Yu Aviation.Според објавените информации, во текот на јуни ќе има во просек по седум летови неделно кон Скопје, што претставува намалување во однос на истиот период лани.Кон Сараево, пак, бројот на летови ќе се движи меѓу девет и десет неделно.Промените доаѓаат во услови на пошироки прилагодувања на распоредите на летови и зголемени трошоци во авиоиндустри...

пред 3 седмици | 3
skopje1.mk

„Кроација ерлајнс“ ги намалува летовите од Загреб кон Скопје и Сараево


Сподели преку

(Видео) Новак Ѓоковиќ славеше роденден во Париз и танцуваше со ќерката Тара на „Бангаранга“

Новак Ѓоковиќ оваа година на Ролан Гарос не е фокусиран само на освојување на нова титула, туку и на добра атмосфера и забава надвор од теренот.Српскиот тенисер се надева дека ќе стигне до својата 25. гренд слем титула во кариерата, но изминативе денови во Париз привлече внимание и со својот стил, роденденската прослава и видеата со семејството.Ѓоковиќ го прослави својот 39. роденден во Париз, а организаторите на турнирот му приредија изненадување со црна торта украсена со златни свеќички. Просл...

пред 3 седмици | 3
skopje1.mk

(Видео) Новак Ѓоковиќ славеше роденден во Париз и танцуваше со ќерката Тара на „Бангаранга“


Сподели преку

Џеј Ло во истите фармерки од 2001 година: Фановите воодушевени

Џенифер Лопез предизвика лавина реакции на социјалните мрежи откако покажа како денес ѝ стои легендарното парче облека од „Версаче“ што го носеше во 2001 година.Латино-дивата привлече огромно внимание кога откри дека и понатаму може да ги носи истите фармерки од спотот за песната Ain't It Funny од 2001 година.Станува збор за уникатен модел на Versace, кој и денес привлекува внимание кај љубителите на модата.Фармерките се со низок струк, имаат врвки наместо патент и детали на страните, а многумин...

пред 3 седмици | 3
skopje1.mk

Џеј Ло во истите фармерки од 2001 година: Фановите воодушевени


Сподели преку

Иранскиот врховен лидер: Блискиот Исток повеќе нема да биде штит за американските бази

Иранскиот врховен лидер Моџтаба Хамнеи предупреди дека земјите од Блискиот Исток повеќе нема да служат како штит за американските воени бази во регионот.Неговата порака беше објавена по повод хаџот, годишниот исламски аџилак во Мека, во Саудиска Арабија.„Нема враќање на старото, а народите и земјите во регионот повеќе нема да бидат штит за американските бази. Америка во регионот повеќе нема да има безбедно засолниште за сплетки и воспоставување воени бази“, порача Хамнеи.Ова е една од ретките из...

пред 3 седмици | 3
skopje1.mk

Иранскиот врховен лидер: Блискиот Исток повеќе нема да биде штит за американските бази


Сподели преку

Брнабиќ: Србија денес има највисоки плати во регионот, го мразите Вучиќ затоа што е поуспешен

Претседателката на Народното собрание на Србија, Ана Брнабиќ, се огласи на социјалната мрежа Икс и одговори на новите критики упатени кон претседателот на Србија, Александар Вучиќ.„Кога Александар Вучиќ дојде на власт, платите во Црна Гора беа 50 проценти повисоки отколку платите во Србија. За само десет години платите во таа и таква ‘заглавена’ Србија ги престигнаа платите во Црна Гора“, напиша Брнабиќ.Таа додаде дека би сакала Србија да остане „толку заглавена“ како во последната деценија, нав...

пред 3 седмици | 3
skopje1.mk

Брнабиќ: Србија денес има највисоки плати во регионот, го мразите Вучиќ затоа што е поуспешен


Сподели преку

Израел продолжува со гранатирање и воздушни удари во Либан

Израелските сили спроведуваат жестоко артилериско гранатирање врз повеќе градови на југот на Либан, меѓу кои Арнун, Јохмор ал Шакиф, Завтар ал Шаркија и Мајфадун.На удар се нашла и околината на тврдината Бофор во округот Набатие, јави либанската Национална новинска агенција.Мајфадун уште од зори бил цел и на серија израелски воздушни напади, додека гранатирање е регистрирано и во Шахур и Срифај во округот Тир.Нападите следуваат по вчерашниот бран израелски удари низ окрузите Тир и Набатие, како...

пред 3 седмици | 8
skopje1.mk

Израел продолжува со гранатирање и воздушни удари во Либан


Сподели преку

Маж од Битола ја нападнал сопругата со метални и дрвени предмети

Полициски службеници од СВР Битола рано утринава го лишиле од слобода Т.С.(51) од Битола поради семејно насилство.Како што информира полицијата, на 25 мај 2026 година околу 04:30 часот, во семејниот дом во Битола, тој физички ја нападнал својата 54-годишна сопруга, при што користел и метални и дрвени предмети.По преземените мерки, од страна на судија при Основен суд Битола на осомничениот му е одредена мерка притвор.

пред 3 седмици | 3
skopje1.mk

Маж од Битола ја нападнал сопругата со метални и дрвени предмети


Сподели преку