Во сабота Света Литија низ Струмица со иконата на Богородица Брзопослушничка

Во сабота, на 18 април, во Струмица по деветти пат ќе биде изнесена светата икона со ликот на Пресветата Богородица Брзопослушничка на улиците низ градот, во рамки на традиционалната Света Литија што ја организира Струмичка православна епархија. Празнувањето ќе започне во петок со свечена вечерна богослужба, додека главните активности се предвидени за сабота. Светата Божествена Литургија ќе започне во 8:30 часот во манастирот на Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици. Во 10:00 часот ќе...

пред 2 дена | 0
strumicanet.com

Во сабота Света Литија низ Струмица со иконата на Богородица Брзопослушничка


Сподели преку

Тешко повредена 21-годишна девојка во сообраќајка кај Дабиље

Вчера попладнето во 15:50 часот на магистралниот пат Струмица – Граничен премин „Ново Село“, во селото Дабиље, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „БМВ“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Ј.Ѓ.(21) од Пиперево и патничко возило „Цитроен“ со струмички регистарски ознаки, управувано од А.С.(25) од Смолари. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Ј.Ѓ., кои биле констатирани во струмичката болница. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Струмиц...

пред 2 дена | 0
strumicanet.com

Тешко повредена 21-годишна девојка во сообраќајка кај Дабиље


Сподели преку

Почина Веселин Ристов – Весо, долгогодишен фотограф во НУ „Завод и Музеј“ Струмица

Вчера на 75-годишна возраст почина Веселин Ристов – Весо, познат струмички фотограф и технички документатор во НУ „Завод и Музеј“ – Струмица, човек кој со години беше препознатлив дел од оваа институција. Ристов зад себе остава значаен белег преку својата посветена работа, професионалност и искрена љубов кон фотографијата. Низ неговиот објектив беа зачувани бројни моменти и сведоштва од културното и општественото живеење во Струмица. Неговата посветеност, одговорност и човечност ќе останат трајн...

пред 2 дена | 0
strumicanet.com

Почина Веселин Ристов – Весо, долгогодишен фотограф во НУ „Завод и Музеј“ Струмица


Сподели преку

Советот на Општина Струмица утре со седница: Ребаланс на буџетот, урбанизам, ново комунално возило, финансиски извештаи на училиштата

Советот на Општина Струмица утре, четврток (16 април), ќе ја одржи деветтата седница, со почеток во 10:00 часот. Пред советниците ќе се најдат вкупно 43 точки на дневен ред, меѓу кои повеќе значајни одлуки и програми поврзани со финансии, урбанизам, комунални услуги и образованието. Како една од најважните точки е предложената измена и дополнување на Буџетот на општина Струмица за 2026 година, како и измени на повеќе годишни програми поврзани со уредување на градежно земјиште, животна средина, ј...

пред 2 дена | 0
strumicanet.com

Советот на Општина Струмица утре со седница: Ребаланс на буџетот, урбанизам, ново комунално возило, финансиски извештаи на училиштата


Сподели преку

Дел од селото Куклиш утре без електрична енергија

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица за утре (среда, 15 април) најавија прекин на електричната енергија на дел од селото Куклиш, општина Струмица, односно од центарот на селото кон излезот за село Свидовица. Прекинот ќе биде во периодот од 09:00 до 15:00 часот. The post Дел од селото Куклиш утре без електрична енергија appeared first on Radio StrumicaNet.

пред 2 дена | 0
strumicanet.com

Дел од селото Куклиш утре без електрична енергија


Сподели преку

Промоција на книга за струмичанецот Васил Рингов – „Фудбал под сенка“ ќе биде претставена во Скопје

Биографската книга „Фудбал под сенка“, посветена на легендарниот македонски фудбалер, струмичанецот Васил Рингов, ќе биде промовирана на 17 април (петок) во книжарницата Литература.мк во „Дајмонд мол“ во Скопје, со почеток во 20:00 часот. Автор на делото е новинарот Срѓан Ивановиќ, а книгата се објавува постхумно, неколку месеци по смртта на Рингов, кој активно учествувал во нејзината подготовка. Датумот на промоцијата симболично се совпаѓа со неговиот роденден. Изданието, објавено од Арс Либрис...

пред 2 дена | 0
strumicanet.com

Промоција на книга за струмичанецот Васил Рингов – „Фудбал под сенка“ ќе биде претставена во Скопје


Сподели преку

Епископот Јаков ги посети болните во струмичката болница и им ја пренесе радоста на Христовото Воскресение

Викарниот Епископ Стобиски г. Јаков денеска, на третиот ден од Велигден, ја посети ЈЗУ Општа Болница Струмица, каде на хоспитализираните пациенти им ја возвести веста за Христовото Воскресение и заедно со свештеници од Струмичка Епархија им подарија црвени велигденски јајца. При посетата, Епископот Јаков најпрво имал средба со директорот на болницата д-р Гоце Христов, на која разговарале за можностите за заедничка соработка. Како што е соопштено, на средбата биле разгледани можности за поголема...

пред 3 дена | 0
strumicanet.com

Епископот Јаков ги посети болните во струмичката болница и им ја пренесе радоста на Христовото Воскресение


Сподели преку

Во Струмица ќе биде промовирана книгата „Месечините на нашите животи“ од Ацо Гогов

Во фоајето на НУЦК „Антон Панов“ во Струмица, на 18 април (сабота), со почеток во 20:00 часот, ќе се одржи промоција на книгата „Месечините на нашите животи“ од Ацо Гогов. Промотори на делото ќе бидат Никола Маџиров, поет и есеист, Трајче Бјадов, книжевник и д-р Ана Витанова Рингачева, универзитетски професор. Книгата „Месечините на нашите животи“ содржи лирски прози, микрофикции и раскази од претходните книги на авторот, како и некои нови, необјавени раскази. Во овие мали прози е фатен светот о...

пред 3 дена | 0
strumicanet.com

Во Струмица ќе биде промовирана книгата „Месечините на нашите животи“ од Ацо Гогов


Сподели преку

Полициски службеник од Полициската станица Струмица осомничен дека зел пари од посредување во тепачка

Полициски службеник од Полициската станица за општа надлежност Струмица, со иницијали К.Ш., е осомничен за кривично дело „злоупотреба на службена должност и овластување“, а судија на претходна постапка му определил мерки на претпазливост. Како што соопшти Министерство за внатрешни работи, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднел кривична пријава по брза постапка против полицис...

пред 3 дена | 0
strumicanet.com

Полициски службеник од Полициската станица Струмица осомничен дека зел пари од посредување во тепачка


Сподели преку

Вечерва во Струмица Велигденски хуманитарен концерт

Во организација на Фондацијата „Елеуса“ во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица вечерва со почеток во 19:00 часот ќе се одржи Велигденски хуманитарен концерт на Ансамблот „Никола Јонков Вапцаров“ од Скопје. Средствата собрани од донациите ќе бидат наменети за хуманитарните цели на Фондацијата „Елеуса“ од Струмица. Билетите по цена од 250 денари може да се набават во Оптика „Сфера“ и во билетарата на НУЦК „Антон Панов“. The post Вечерва во Струмица Велигденски хуманитарен концерт appeare...

пред 3 дена | 0
strumicanet.com

Вечерва во Струмица Велигденски хуманитарен концерт


Сподели преку

Католиците во Струмица го дочекаа Христовото воскресение во Катедралната црква „Успение на Пресвета Богородица“

Католичките верници во Струмица синоќа го дочекаа Христовото воскресение со свечено велигденско бдение и света Литургија во Катедралната црква „Успение на Пресвета Богородица“. По повод празникот Воскресение Христово, Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх Киро Стојанов служеше воскресна света Литургија, на која присуствуваа бројни верници. Велигденското бдение започна со благослов на огнот пред катедралната црква, по што воскресната свеќа беше внесена во храмот, симболизирајќи ја светлината...

пред 5 дена | 0
strumicanet.com

Католиците во Струмица го дочекаа Христовото воскресение во Катедралната црква „Успение на Пресвета Богородица“


Сподели преку

Велигденска порака од г.г. Стефан: Со вера, надеж и љубов да го озариме светот со радоста на Воскресението

Со силна порака за вера, надеж и заедништво, поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, во своето велигденско послание ги повика верниците да ја пренесат светлината на Христовото воскресение во секој дом и во секој дел од светот. „Светлината на Христа воскреснатиот нека нè просвети, та со нашата вера и со богоугодни дела да го озариме светот со велигденска радост“, се истакнува во пораката, нагласувајќи ја духовната обврска на секој верник да сведочи за...

пред 5 дена | 0
strumicanet.com

Велигденска порака од г.г. Стефан: Со вера, надеж и љубов да го озариме светот со радоста на Воскресението


Сподели преку

Велигденска честитка од градоначалникот на Струмица, Петар Јанков

По повод големиот христијански празник Велигден, градоначалникот на општина Струмица, Петар Јанков, упати честитка до граѓаните кои денеска го слават Христовото воскресение, истакнувајќи ја длабоката симболика и значење на празникот како вечен извор на надеж, љубов и духовна сила. „Христос Воскресна – Навистина Воскресна! Со овој вековен поздрав ја споделуваме радоста, вербата и светлината што овој празник ги носи. Нека Велигден биде поттик за обнова на духот, за зацврстување на меѓусебната почи...

пред 5 дена | 0
strumicanet.com

Велигденска честитка од градоначалникот на Струмица, Петар Јанков


Сподели преку

Епископот Јаков на полноќ ја соопшти веста за Христовото воскресение

Православните верници од Струмица го започнаа славењето на Христовото воскресение, најголемиот и најрадосниот празник, кој според христијанското учење ја симболизира победата на животот над смртта. На полноќ, во Струмица, веста за Христовото воскресение ја објави Викарниот Епископ г. Јаков Стобиски со свештениците на богослужба што се одржа во дворот на црквата „Св. Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, каде присуствуваа и голем број верници. Меѓу присустните беше и градоначалникот на општи...

пред 5 дена | 0
strumicanet.com

Епископот Јаков на полноќ ја соопшти веста за Христовото воскресение


Сподели преку

Благодатниот оган од Ерусалим вечерва пристигна во Струмица и во храмовите на Струмичката епархија

Денеска од Базиликата на Светиот Гроб во стариот дел на Ерусалим, Израел, Благодатниот оган вечерва пристигна и во Струмица, како и во сите храмови на Струмичката православна епархија. Со пристигнувањето на Светиот оган, верниците добија можност да ја примат светлината која традиционално се носи од Светата земја во пресрет на најголемиот христијански празник – Велигден. Во храмовите низ епархијата, бројни граѓани со запалени свеќи го дочекаа Благодатниот оган, симбол на Христовото воскресение, н...

пред 5 дена | 0
strumicanet.com

Благодатниот оган од Ерусалим вечерва пристигна во Струмица и во храмовите на Струмичката епархија


Сподели преку

Денеска е Велика сабота – Ден од Страдалната Седмица

Велика Сабота е ден од Страдалната Седмица. Според источното христијанство тој е осми ден од Страсната Седмица, односно 7 дена по Лазаровата Сабота и шест по Цветници. Велика сабота е посветена на споменот на пребивањето на Исус Христос во гробот, и Неговото слегување во адот. Сабота, значи покој. Велика Сабота е ден на покојот, ден на Покојникот, ден на Најголемиот покој и на Најголемиот Покојник. Тоа е денот меѓу смртта и воскресението, меѓу Петок и Велигден, денот што ги спојува распнувањето...

пред 6 дена | 0
strumicanet.com

Денеска е Велика сабота – Ден од Страдалната Седмица


Сподели преку

Гореше сува трева меѓу Муртино и Банско

Денеска (петок, 10 април) во 16:45 часот, во атарот помеѓу селата Муртино и Банско, избувнал пожар на сува трева. На терен интервенирала Територијалната противпожарна единица на Струмица со едно противпожарно возило и тројца пожарникари-спасители, кои успеале навремено да го локализираат и изгаснат пожарот. Пожарот бил целосно ставен под контрола и изгаснат во 17:20 часот, информираат од ТППЕ Струмица. The post Гореше сува трева меѓу Муртино и Банско appeared first on Radio StrumicaNet.

пред 6 дена | 0
strumicanet.com

Гореше сува трева меѓу Муртино и Банско


Сподели преку

Река од верници во струмичките храмови на Велики Петок – положена Светата Плаштеница, верниците оддаваат почит на Христовите страдања

Како што налагаат црковните традиции и правила, на Велики Петок – денот на распнувањето на Исус Христос на крстот, во храмовите се отслужуваат богослужби и се положува Светата Плаштеница, под која верниците поминуваат, сочувствувајќи со Христовите страдања. Во храмот „Св. Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“ во Струмица утрово беше отслужена литургија од страна на Викарниот епископ Стобиски г. Јаков, при што беа прочитани светите Евангелија и беше изнесена, односно положена Светата Плаштени...

пред 1 седмица | 0
strumicanet.com

Река од верници во струмичките храмови на Велики Петок – положена Светата Плаштеница, верниците оддаваат почит на Христовите страдања


Сподели преку

Денеска е Велики Петок, најтешкиот празник во годината

Велики петок освен Велипеток уште се вика и Распет петок зашто на овој ден е распнат Исус Христос. Поради тоа овој ден се смета за најтежок празник во годината, тогаш не се работи дури и не се готви храна. Се вели дека на овој ден не треба да се јаде, а камоли да се работи. Како на строг пост, како што се вика „пост на вода“ тој ден во црквата луѓето се честат со леб, пипер, и сол. Некои луѓе јадат стоејќи, а други ништо не јадат цел ден сочувствувајќи со распнатиот Исус. Тогаш се оди во црквата...

пред 1 седмица | 0
strumicanet.com

Денеска е Велики Петок, најтешкиот празник во годината


Сподели преку

Пожар кај влезот во Струмица брзо локализиран – интервенираа 18 пожарникари

Денеска околу 15 часот избувна пожар на влезот во Струмица од правец на Валандово, на ридовите од левата страна на реката Тркајна, каде горела нискостеблеста шума и сува трева. Поради засилениот ветер, пожарот се ширел со голема брзина, што наложило итна интервенција на Територијалната противпожарна единица Струмица. Во гаснењето биле ангажирани 18 пожарникари-спасители со 4 противпожарни возила. Благодарение на навремената реакција, пожарот е ставен под контрола, а екипите во моментов вршат дог...

пред 1 седмица | 0
strumicanet.com

Пожар кај влезот во Струмица брзо локализиран – интервенираа 18 пожарникари


Сподели преку

Велики Четврток – почнуваат велигденските празнувања, утрово се бојадисуваа првите јајца

Со денешниот ден започнуваат велигденските празнувања, а граѓаните ги очекува продолжен викенд исполнет со традиционални обичаи и подготовки за најголемиот христијански празник – Велигден. Денеска е Велики Четврток, четвртиот ден од Страсната седмица, кој во христијанската традиција има особено значење. Овој ден е поврзан со неколку клучни библиски настани – Тајната вечера, молитвата на Исус Христос во Гетсеманската градина, како и предавството на Јуда. Во народната традиција, Велики Четврток е...

пред 1 седмица | 0
strumicanet.com

Велики Четврток – почнуваат велигденските празнувања, утрово се бојадисуваа првите јајца


Сподели преку

Од запуштен простор до модерен парк: Струмица доби ново место за одмор и рекреација

Од денеска и официјално во употреба е ставен новиот парк во населбата „Карпош“ во Струмица, изграден на простор од некогашната касарна кој со години беше запуштен. Станува збор за современо уреден јавен простор на површина од 12.712 квадратни метри, создаден во рамките на проектот „Зелен пулс“, кој на граѓаните им нуди ново место за одмор, рекреација и дружење. Во паркот се засадени 460 украсни и автохтони дрвја и растенија, а тревните зелени површини зафаќаат речиси 10.000 квадратни метри. Изгр...

пред 1 седмица | 0
strumicanet.com

Од запуштен простор до модерен парк: Струмица доби ново место за одмор и рекреација


Сподели преку

Дел од улицата „Жртви на фашизмот“ денес без вода поради работи на мрежата

Поради продолжување на работите на водоводната мрежа, денеска (среда, 8 април) без водоснабдување ќе остане дел од улицата „Жртви на фашизмот“ во Струмица. Како што информираат од ЈПКД „Комуналец“ Струмица, прекинот ќе трае во периодот од 09:00 до 14:00 часот и ќе го опфати потегот од пресекот со улицата „Коста Бозов“ до пресекот со улицата „Браќа Миладинови“. The post Дел од улицата „Жртви на фашизмот“ денес без вода поради работи на мрежата appeared first on Radio StrumicaNet.

пред 1 седмица | 0
strumicanet.com

Дел од улицата „Жртви на фашизмот“ денес без вода поради работи на мрежата


Сподели преку

Времето се менува: посвежо, ветровито и со можен снег

Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во наредните денови следува период на променливо облачно и посвежо време. Денеска и утре ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој на места долж Повардарието и во источните делови повремено ќе достигнува и силен интензитет, со брзина над 60 километри на час. Во петок кон крајот на денот, како и во текот на ноќта и во сабота, се очекуваат повремени локални врнежи од дожд. Поради продор на постуден воздух од север, на планините...

пред 1 седмица | 0
strumicanet.com

Времето се менува: посвежо, ветровито и со можен снег


Сподели преку