„Промена на Уставот е чувствителна тема, најдобро е да се создадат похолистички услови“, вели Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски во своето обраќање на тркалезна маса во Уставниот суд истакна дека секоја промена на Уставот треба да се одвива внимателно, со создавање на похолистички услови, за да не се вознемири јавноста.„Што се однесува до законот за Уставен суд, уставната тужба, тука сакам да споменам дека за тоа се согласивме со претседателот, промена на Уставот. Во оваа наша земја промената на уставот е чувствителна тема. И секогаш кога ќе се случи темата промена на Устав, тогаш, најчесто, н...