Савески ќе бара од колегите поретко да предлагаат затворски притвор
Во гостувањето во „360 степени“на МРТ 1, новиот државен јавен обвинител Ненад Савески изјави дека прво треба да се елиминира најблагата мерка за обезбедување присуство на осомничен или обвинет, пред да се бараат построги мерки. Дополнително, вели тој, условите во притворските одделенија во државата се нехумани, а секој притвореник е и трошок за државата.Наместо воспоставената пракса лесно да се ставаат осомничени и обвинети лица во затворски притвор, Савески смета дека почесто треба да се упот...