Македонија со еден глас во ватикан: единство над политичките, етничките и верските разлики
Понекогаш, во време на длабоки политички поделби, секојдневни обвинувања и различни ставови по речиси сите прашања, се појавуваат моменти кога Македонија успева да зборува со еден глас. Ретки, но значајни мигови во кои власта и опозицијата, различните етнички заедници и верски определби стојат заедно околу вредности што ги надминуваат дневнополитичките теми. Токму таква порака испрати македонската државна делегација за време на посетата на Ватикан и Рим, организирана во чест на делото на Свети...