Општина Прилеп организира богата програма по повод Меѓународниот ден на Ромите
Општина Прилеп организира настан „Гласот на успехот – Ромите во современото општество“ по повод одбележувањето на 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите. Настанот ќе се одржи утре, 08.04.2026, со почеток од 17:00 часот во НУЦК „Марко Цепенков“. Целта на настанот е да ја истакне важноста на образованието, културата и успесите на ромската заедница, преку богата програма која вклучува музика, рецитали, драмски и танцови изведби. Во програмата ќе настапат ученици од повеќе основни и средни училишта о...