Тошковски: Интензивирана соработка меѓу МВР и американските безбедносни институции
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски деновиве престојува во работна посета на Вашингтон, во рамки на втората сесија од Стратешки дијалог Македонија – САД, процес од исклучително значење за унапредување на националната безбедност и безбедноста на граѓаните. Во текот на посетата, министерот Тошковски оствари повеќе значајни средби со високи претставници на американските безбедносни институции, меѓу кои со Николас Колура, заменик-помошник државен секретар и директор на Diplomatic Security...