Зеленски: Украинската армија ја запре руската офанзива, најдобра ситуација во последните 10 месеци
Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека ситуацијата на фронтот е најдобра од средината на минатата година.Иако војната влегува во својата петта година, борбите продолжуваат долж повеќе од 1.200 километри фронт. Руските сили и понатаму ја исцрпуваат украинската одбрана, но Киев не запира со контраофанзиви. Зеленски посочи дека, земајќи ги предвид окупираните и ослободените територии, Украина моментално е во благ „плус“, ослободувајќи околу 20 квадратни километри, без да прецизира...