Алкохол и без дозвола: Приведени возачи низ Македонија
Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на изминатото деноноќие полициските службеници лишиле од слобода шест возачи поради безобѕирно управување со возило.Според Министерство за внатрешни работи, двајца од приведените управувале возило без возачка дозвола, едно лице управувало мотоцикл без положен возачки испит, додека тројца возеле под дејство на алкохол.Во Гевгелија е затекнат возач кој управувал мотоцикл без дозвола, а слични прекршоци се евидентирани и во општина Чашка и...