Мицкоски: Забрзано се одвива изградбата на капиталните инвестиции, до сега се реализирани околу 25% од предвидените за 2026 година
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во изградба на пречистителната станица во населеното место Кучевишка Бара, Општина Чучер Сандево. Вкупниот износ на овој проект изнесува 129.717.440 денари. -Добар ден и од мене. Јас не би имал што да додадам од тоа што го кажаа и градоначалникот и заменик-министерката, само сакам да кажам дека продолжуваме да ги реализираме проектите, коишто поради периодот од годината кога помалку имаме интензивни градежни работи, а тоа е кога е постудено, кога...