Иран: Подготвени сме за соработка околу Ормутскиот Теснец
Иран соопшти дека е подготвен да соработува со Меѓународната поморска организација за зголемување на безбедноста во Персискиот Залив и заштита на поморците, но истовремено постави јасни услови за движењето низ Ормутскиот Теснец.Иранскиот претставник Али Мусави изјави дека теснецот останува отворен за поморски сообраќај, но не и за бродови поврзани со, како што ги нарече, „непријателите на Иран“. Според него, преминот е возможен, но само доколку постои координација со Техеран и се почитуваат безб...