Коњановски: Нов проект за дигитализација на водоводниот систем во Битола
Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, информира дека денеска се одржал работен состанок во ЈП „Водовод“ Битола, на кој заедно со директорот Андреј Гинов и претставници од Швајцарската амбасада биле разгледани активностите за реализација на проект за надминување на постојните предизвици во водоводниот систем. Проектот е насочен кон модернизација на целокупната водоводна инфраструктура и опфаќа прецизна евиденција и контрола на потрошувачката, воведување SCADA систем, поставување сов...