Физички пресметки во Центар, Карпош и Арачиново: имало напади со боксови и тврди предмети
Во изминатите два дена се регистрирани повеќе одделни случаи на физичко насилство на подрачјето на Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.На 21 април 2026 година во 19:30 часот во СВР Скопје, Т.К. (53) од Скопје пријавил дека околу 18:00 часот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од Д.В. (48) од Скопје. Од МВР велат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.Истиот ден, во 21:20 часот, во СВР Скопје било пријавено нарушување на јавниот ред и мир...