Македонски Каритас пред градоначалникот Јанков го претстави проектот за чиста вода и климатска отпорност
Претставници на Македонски Каритас одржаа работна средба со градоначалникот на општина Струмица, Петар Јанков, и неговите соработници, на која беше презентиран проектот „Вклучување на жените во подобрувањето на услугите за достапност до чиста вода и санитација и зајакнување на отпорноста на климатските промени во Македонија“. Станува збор за проект што го реализира Македонски Каритас со поддршка од Министерството за надворешни работи на Словенија и Словенски Каритас. На средбата биле претставени...