Општина Струмица: Исплатата за изборниот процес ќе се реализира при прв прилив на средства
Општина Струмица на Фејсбук одговори на реакцијата на ОО на СДСМ Струмица, во врска со неисплатените паушали за лицата кои учествувале во изборниот процес на гласачките места. Од Општината наведуваат дека своите обврски кон граѓаните ги исполнуваат одговорно и во рамки на финансиските можности, при што, како што велат, целосно ги почитуваат препораките од релевантните институции. Во соопштението се посочува дека можностите за одредени исплати се ограничени поради големи долгови од претходниот пе...