Општина Прилеп ја презентира финалната фаза на Планот за одржлива урбана мобилност
Општина Прилеп е дел од проектната активност на Министерството за транспорт за изработка на План за одржлива урбана мобилност (SUMP), во рамките на проектот за поврзување на локални патишта, со финансиска поддршка од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка. Развивањето на овој план има за цел подобрување на пристапноста во градот, промоција на здравје и безбедност, поддршка на економскиот раст и намалување на влијанијата врз животната средина. Планот ќе овозможи подобрување на пат...