Волк нападнал жена во центарот на Хамбург, па бил вратен назад во природата
Волк кој беше фатен по напад врз жена во германскиот град Хамбург е вратен назад во природата со уред за следење, а локалните власти постапката ја опишаа како „условно пуштање на слобода“.Како што е наведено, младиот мажјак бил опремен со предавател и пуштен во неделата, откако претходно бил згрижен во центар за заштита на диви животни во Долна Саксонија.Членката на советот за заштита на животната средина во Хамбург, Катарина Фегебанк, изјави дека оваа мерка претставува баланс меѓу безбедноста н...