Трамп: Првата светска војна траеше 4 години, 3 месеци и 14 дена, Втората светска војна 6 години, нема да ме брзаат
Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека не е под притисок да склучи договор со Иран и ги обвини демократите дека ја поткопуваат американската позиција. Во објава на неговата социјална мрежа Truth Social, Трамп ги отфрли медиумските написи за притисок и тврди дека проблемот со Иран ќе го реши „правилно“, поправајќи го „хаосот“ што, како што вели, го оставиле неговите претходници.„Демократите прават сè што можат за да ја оштетат многу силната позиција во која се наоѓаме во однос на Иран....