Десетици налози за апсење по крвавите напади во турските училишта
Во рок од 48 часа, два насилни напади во училишта ја потресоа Турција, при што загинаа девет лица, а повеќе десетици беа повредени. Властите покренаа масовна акција и уапсија повеќе од 160 лица, додека истовремено ги засилија контролите врз содржините на социјалните мрежи.Турското Министерство за правда соопшти дека уапсените се осомничени за ширење дезинформации и за величање на нападите. Според министерот за правда, Акин Ѓурлек, 95 лица биле приведени затоа што, и покрај забраната за информира...