„Зомби брод“ откриен во Орумскиот теснец – користи лажен идентитет
Би-Би-Си идентификуваше брод во Персискиот Залив за кој се тврди дека се обидува да го прикрие својот вистински идентитет во услови на зголемени поморски тензии и американска блокада кон Иран, покажува анализа на британскиот јавен сервис.Според истрагата, бродот преку системите за автоматско следење се прикажува под името „Race“, но тоа, како што наведува Би-Би-Си, не може да биде точно бидејќи пловилото со тоа име е расходувано уште во 2023 година. Последната регистрирана позиција му била во бл...