Нафтата поевтини, но останува поскапа од пред војната
Цените на нафтата бележат значителен пад, но и понатаму остануваат повисоки во однос на периодот пред почетокот на конфликтот на Блискиот Исток.Цената на Брент нафтата падна за речиси 15 проценти и се движи околу 94 долари за барел, што е сериозно намалување во споредба со нивото близу 120 долари, регистрирано во екот на ескалацијата, кога ракетни напади го потресуваа регионот на Персискиот Залив.Пазарите реагираа и на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој испраќаше променливи...