Прекинато рочиштето за „Онкологија 2“ откако адвокатката Бегова го напушти рочиштето, а судот ја казнисо 500 евра
Денешното рочиште за случајот „Онкологија 2“ беше прекинато поради конфликт помеѓу одбраната и Обвинителството, кој заврши со парична казна за адвокатката Анита Бегова. Бегова, која го застапува обвинетиот Нехат Нухи, демонстративно ја напушти судницата, незадоволна од начинот на кој се презентираат доказите.Конфликтот избувна кога Обвинителството почна да ги изведува документите во „пакети“ од околу 180 страници, наместо поединечно. Одбраната тврди дека таквиот начин на презентирање не ги почит...