Предлог-закон: Пратеник да може да има само македонско државјанство
Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ поднесоа Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за пратениците, со кој се предвидува услов пратеник да може да биде само лице кое има исклучиво македонско државјанство.Предлогот, кој е доставен по скратена постапка, предвидува дополнување на членот 2, со нови одредби според кои кандидат за пратеник мора „да е државјанин само на Република Македонија“, покрај останатите постојни услови како полнолетство, деловна способност и неосудуваност.Во документот, кој е...