Ер Србија воведува директни летови од Белград до островот Брач.
Националната авиокомпанија Ер Србија ова лето ќе воспостави директна авиолинија меѓу Белград и едно од најпознатите летувалишта на Јадранската обала – островот Брач.Новата сезонска линија ќе овозможи полесен пристап до популарните плажи и туристички атракции на Брач, вклучително и познатата плажа Златни Рат. Летовите ќе се реализираат два пати неделно, среда и сабота, во периодот од 20 јуни до 12 септември, а картите се веќе во продажба преку директните канали на Ер Србија и овластените агенти.С...