(Видео) Приведени 46 навивачи во Загреб на натпреварот меѓу Динамо и Хајдук, запленета голема количина пиротехника
На фудбалскиот натпревар Динамо-Хајдук од 34. коло на Хрватската национална лига, кој се одржа на загрепскиот стадион „Максимир“, уапсени се 46 лица, соопшти хрватското Министерство за внатрешни работи.Според податоците на Министерството, на натпреварот имало околу 21.000 посетители, а пред мечот била запленета голема количина пиротехника.„Полицијата заплени голема количина пиротехнички средства пред натпреварот. Вкупно се приведени 46 лица. Ги растеруваме посетителите. Ги повикуваме граѓаните д...