Путин тврди дека „војната во Украина се приближува кон крај“ – можно е да се сретне со Зеленски, ама тој не иницира
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека војната во Украина „се приближува кон крај“, а во исто време остави отворена можност за директна средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски – но без да ја иницира самиот.На прес-конференција во Москва, Путин рече дека не предложил средба со Зеленски, но нагласи дека не ја отфрла таквата опција. Според неговите зборови, доколку некој ја покрене идејата, тогаш „кој сака да се сретне, нека дојде во Москва“.Во изјавата се осврна и на наводна п...