Упатувани закани кон социјален работник од лице на кое му била укината паричната помош
На 23.03.2026 во 10:30 часот во СВР Охрид, 48-годишна жена од Охрид, социјален работник во Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа Охрид, пријави дека истиот ден на работното место, лице од Охрид ѝ упатувала закани поради незадоволство дека и била укината парична помош. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.