Николоски: Свлечиштата повеќе нема да бидат закана за автопатот Охрид-Кичево
Изградбата на автопатот Охрид-Кичево силно напредува, а проектот се очекува да биде завршен кон крајот на 2026 година, согласно предвидената динамика, порача вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски. Тој истакна дека еден од најголемите предизвици во реализацијата на автопатот – свлечиштата на трасата – се решава со, како што посочи, најголемиот инженерски потфат во регионот, преку изградба на таканаречени галерии. „Свлечиштата на автопатот Охрид-Кичево, проблем...