Се подготвува „филтер“ за министрите: ќе одлучуваат резултатите и рејтингот
Најавите за можна реконструкција на Владата сè погласно се коментираат во политичката јавност, а според информациите што доаѓаат од владиниот врв, фокусот нема да биде само на кадровски освежувања, туку пред сè на резултатите и ефикасноста на институциите. Иако официјално не се открива кои ресори се разгледуваат за промени, веќе се отвораат шпекулации дека под најголем притисок ќе бидат секторите каде реализацијата на проектите се одвива побавно од очекуваното или каде има незадоволство од работ...