Со изложба и награди заврши 45-тото издание на „Мал битолски Монмартр“
Со свечена церемонија на платото Монмартр во Старата битолска чаршија денеска заврши 45-тото издание на светската детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“, една од најзначајните културни манифестации за деца и млади уметници во светот. На завршниот настан беа доделени сертификати за учество, како и најпрестижните признанија на колонијата. Наградата за најдобар ученик-учесник ја доби Лена Павковиќ од ликовното ателје „Артино“ од Белград, Србија. Признанието во име на жирито на Детското ли...