Експлозија од неправилности: корупција и сомнителни зделки на секој чекор!
Најновиот месечен извештај „Бистро-матно“ за март 2026 година, објавен од Транспаренси Интернешнл-Македонија, повторно ги отвора прашањата за системската корупција, слабостите во институциите и потребата од поголема отчетност во државата. Меѓу највпечатливите случаи се издвојува апсењето на директор на Државниот инспекторат за земјоделство, кој е осомничен дека примил поткуп од 50.000 евра. Според информациите, станува збор за дел од договорена сума од 100.000 евра, наменета за овозможување увоз...