Автобус со млади спортисти удри во дрво во Унгарија: Загина возачот, 23 лица повредени
Возачот загина, а 23 лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што рано утрово се случила во југозападна Унгарија, кога автобус кој превезувал млади спортисти излетал од патот и удрил во дрво.Според информациите на унгарската полиција, несреќата се случила околу 5:20 часот во близина на местото Хирд. Од засега неутврдени причини, автобусот преминал на спротивната коловозна лента, по што излетал од патот и се забил во дрво.Во автобусот се превезувале 28 лица, меѓу кои 19 млади натпреварувачи...