Агрегат се запалил зад продажен објект во Илинден
Пожар избувнал рано утринава во населбата Илинден, во помошна просторија во која бил сместен агрегат на продажен објект.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 30 мај околу 05:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во просторија поставена на задната страна од објектот.На местото интервенирала Бригадата за противпожарна заштита, која успеала навремено да го локализира и изгасне пожарот.Во инцидентот нема повредени лица, а се утврдуваат причините за избувну...