КК „Струмица 2001“ во кабинетот на градоначалникот – честитки за пласманот во Супер лигата
Градоначалникот на општина Струмица, Петар Јанков, денеска во својот кабинет имаше средба со членови на управата и кошаркари од КК „Струмица 2001“, при што им го честиташе големиот успех и пласманот во кошаркарската Супер лига. На средбата, членовите на клубот изразиле благодарност за досегашната помош и поддршка што ја добиваат од Општина Струмица, при што посебно ги поздравиле заложбите и одлуката на локалната самоуправа активно да работи на подобрување на спортската инфраструктура и условите...