ВМРО-ДПМНЕ Струмица: Општината се соочува со наследени проблеми, СДСМ да одговори за штетите

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Струмица реагираше на соопштението на СДСМ, оценувајќи дека општината се соочува со наследени проблеми од претходното раководење. Во реакцијата се наведува дека СДСМ не може да се помири со, како што велат, последиците од сопствените политики и дека прерано започнала со критики кон новото раководство на Општината. Од ВМРО-ДПМНЕ се осврнуваат и на тврдењата за предвидени средства во висина од 12 милиони денари за ангажмани во градинките, посочувајќи дека станува...

пред 1 месец | 6
strumicanet.com

ВМРО-ДПМНЕ Струмица: Општината се соочува со наследени проблеми, СДСМ да одговори за штетите


Сподели преку

Потпишан меморандум: Бесплатниот WiFi на плоштадот во Струмица официјално во сопственост на Општината

Општина Струмица потпиша Меморандум за соработка во рамките на иницијативата WiFi4WB, со што бесплатната јавна Wi-Fi мрежа за граѓаните и посетителите добива официјална институционална рамка. Станува збор за проект финансиран од Европската Унија и Владата на Германија, а спроведен од GIZ како дел од иницијативата EU4Digital, чија цел е обезбедување сигурен и бесплатен интернет низ Македонија и земјите од Западен Балкан. Со потпишувањето на меморандумот, опремата официјално преминува во сопствено...

пред 1 месец | 6
strumicanet.com

Потпишан меморандум: Бесплатниот WiFi на плоштадот во Струмица официјално во сопственост на Општината


Сподели преку

Сообраќајна незгода го отежна сообраќајот на патот Струмица – Валандово

Од 14:05 часот сообраќајот на регионалниот пат Струмица – Валандово се одвива наизменично поради сообраќајна незгода, информираат од АМСМ. Од таму апелираат возачите да бидат внимателни, да ја прилагодат брзината на движење и да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци и насоките од надлежните служби. ДОПОЛНИТЕЛНО: Во 19:05 часот сообраќајот на регионалниот пат Струмица – Валандово, е пуштен да се одвива нормално. The post Сообраќајна незгода го отежна сообраќајот на патот Струмица – Валандов...

пред 1 месец | 6
strumicanet.com

Сообраќајна незгода го отежна сообраќајот на патот Струмица – Валандово


Сподели преку

СОУ „Јане Сандански“ одбележа 111 години од смртта на својот патрон

Вработените и учениците од СОУ „Јане Сандански“ денеска со пригодна свеченост одбележаа 111 години од смртта на својот патрон Јане Сандански, кој загинал на 22 април 1915 година. Пред бистата на великанот во училишниот двор, пригодно обраќање имаше директорката Зорица Витанова, која истакна дека училиштето со гордост и одговорност го носи името на Јане Сандански. Таа нагласи дека неговото дело и идеали претставуваат трајна инспирација за младите генерации, поттикнувајќи ги да чекорат по патот на...

пред 1 месец | 6
strumicanet.com

СОУ „Јане Сандански“ одбележа 111 години од смртта на својот патрон


Сподели преку

СДСМ Струмица: Пари има за нови ангажирања, но нема за изборните паушали

Општинската организација на СДСМ во Струмица денеска преку соопштение ја продолжи вчерашната реакција, обвинувајќи ја Општина Струмица дека со, како што наведуваат, „лажни аргументи“ се обидува да ја манипулира јавноста. Од ОО СДСМ Струмица тврдат дека официјалниот Буџет и ребалансот за 2026 година јасно покажуваат кои се приоритетите на локалната власт, а тоа, според нив, не се граѓаните. Во соопштението се наведува дека од сопствената сметка на Општината се предвидени вкупно 18.636.000 денари...

пред 1 месец | 6
strumicanet.com

СДСМ Струмица: Пари има за нови ангажирања, но нема за изборните паушали


Сподели преку

Во петок во Струмица трибина за burnout и анксиозноста во современиот живот

Rotary Club од Струмица организира отворена трибина на тема „Burnout и анксиозност во современиот начин на живот“, која ќе се одржи во петок, 24 април, со почеток во 18:00 часот, во Конгресната сала на Хотел „Сириус“. Влезот за сите заинтересирани граѓани е слободен. Гостин и предавач на трибината ќе биде Ас. д-р Васка Дамјановска Митова, која ќе говори за препознавање на burnout синдромот, зошто анксиозноста станува сè почеста појава, практични начини за справување, како и за воспоставување бал...

пред 1 месец | 6
strumicanet.com

Во петок во Струмица трибина за burnout и анксиозноста во современиот живот


Сподели преку

Општина Струмица: Исплатата за изборниот процес ќе се реализира при прв прилив на средства

Општина Струмица на Фејсбук одговори на реакцијата на ОО на СДСМ Струмица, во врска со неисплатените паушали за лицата кои учествувале во изборниот процес на гласачките места. Од Општината наведуваат дека своите обврски кон граѓаните ги исполнуваат одговорно и во рамки на финансиските можности, при што, како што велат, целосно ги почитуваат препораките од релевантните институции. Во соопштението се посочува дека можностите за одредени исплати се ограничени поради големи долгови од претходниот пе...

пред 1 месец | 6
strumicanet.com

Општина Струмица: Исплатата за изборниот процес ќе се реализира при прв прилив на средства


Сподели преку

ЈПКД „Комуналец“ започна со пролетно уредување на островите долж булеварите во Струмица

ЈПКД „Комуналец“ Струмица започна со активности за пролетно уредување на островите долж булеварите во Струмица, со цел разубавување и подобрување на јавниот простор во градот. Со акцијата ќе бидат опфатени трите градски булевари – „Ленинова“, „Маршал Тито“ и „Гоце Делчев“, каде се врши одржување и уредување на пешачките острови преку машински и рачни методи. Од претпријатието информираат дека станува збор за редовни сезонски активности насочени кон создавање побезбедни, пофункционални и естетски...

пред 1 месец | 6
strumicanet.com

ЈПКД „Комуналец“ започна со пролетно уредување на островите долж булеварите во Струмица


Сподели преку

Дел од Струмица без вода поради дефект на мрежата – нормализирање на водоснабдувањето се очекува до пладне

Од ЈПКД „Комуналец“ Струмица информираат дека поради интервенција на водоводната мрежа, денеска е прекинато водоснабдувањето на дел од градот. Без вода моментално се следните реони: зона „Север“ – од „Оскар М“ до „Карамела“, булевар „Ленинова“ – од кружниот тек кај „Макпетрол“ до Трговскиот центар „Глобал“, улица „Благој Јанков Мучето“ – од Домот на АРМ до Стоковната куќа на плоштадот . Од претпријатието најавуваат дека нормализирање на водоснабдувањето се очекува до 12:00 часот. The post Дел од...

пред 1 месец | 6
strumicanet.com

Дел од Струмица без вода поради дефект на мрежата – нормализирање на водоснабдувањето се очекува до пладне


Сподели преку

Денеска прекин на електричната енергија во струмичко

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека денеска (понеделник, 20 април) ќе има прекин на елкетричната енергија поради реализација на инвестициони зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, и тоа: Од 09:30 до 14:30 часот – село Чанаклија, Од 11:30 до 14:30 часот – Дрвош, Старо Балдовци, Петралинци, Хамзали: Винарска визба, Манастир, Базни станици А1 и Телеком и Рудник „Огражден“. The post Денеска прекин на електричната енергија во струмичко appeared first...

пред 1 месец | 6
strumicanet.com

Денеска прекин на електричната енергија во струмичко


Сподели преку

Вардар со 18-ти трофеј во Купот на Македонија, Струмица успешен домаќин на ракометниот спектакл

Ракометарите на РК Вардар го освоија 18-тиот трофеј во Купот на Македонија, откако во драматичното финале во Спортската сала „Парк“ во Струмица го совладаа ГРК Охрид со 24:23, полувреме 13:12. Финалниот натпревар донесе голема борба и неизвесност до самиот крај, а победникот беше решен во последните секунди. Вардарци покажаа повеќе смиреност, концентрација и среќа кога беше најпотребно, со што повторно се искачија на врвот на македонскиот ракометен Куп. По завршувањето на натпреварот беа доделен...

пред 1 месец | 6
strumicanet.com

Вардар со 18-ти трофеј во Купот на Македонија, Струмица успешен домаќин на ракометниот спектакл


Сподели преку

Одржана јавна акција во Струмица за еднакви можности и поголемо учество на жените во локалните политики

Во Струмица вчера се одржа јавната акција „Активни жени, инклузивни општини: За еднакви можности и права“, во организација на Организацијата на жени од Струмица, заедно со активистки од Женските кружоци од градот и населените места од струмичкиот регион. Целта на настанот беше да се подигне јавната свест за унапредување на статусот, положбата и улогата на жените во заедницата, како и за нивно поголемо учество во процесите на планирање и донесување одлуки на локално ниво. Акцијата беше реализиран...

пред 1 месец | 6
strumicanet.com

Одржана јавна акција во Струмица за еднакви можности и поголемо учество на жените во локалните политики


Сподели преку

Струмичанецот Таше Пефќев со свое дело дел од хуманитарна изложба во Србија

Младиот уметник од Струмица, Таше Пефќев, е дел од хуманитарната изложба „Поглед во небо“, која синоќа беше отворена во Стара Пазова, Србија. Станува збор за групна изложба на дела со верски мотиви, на која учествуваат повеќе уметници од Балканот. Своите дела тие ги донирале за продажба, а собраните средства ќе бидат наменети за хуманитарни цели. Таше Пефќев на изложбата се претставува со делото „Св. Екатерина“, изработено во техника акрил на платно, кое привлекло големо внимание кај посетителит...

пред 1 месец | 6
strumicanet.com

Струмичанецот Таше Пефќев со свое дело дел од хуманитарна изложба во Србија


Сподели преку

Иконата на Богородица Брзопослушничка повторно низ улиците на Струмица – со силна порака од епископот Јаков

По утринската Света Божествена Литургија, денеска од храмот „Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“ беше изнесена иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка, по што започна свечена литија низ улиците на Струмица. Свечената поворка, заедно со бројниот верен народ, помина покрај храмот „Св. Кирил и Методиј“, покрај зградата на Општина Струмица и пристигна на плоштадот „Гоце Делчев“, каде беше отслужен молебен во чест на Пресвета Богородица. Пред верниот народ од регионот, а во присуст...

пред 1 месец | 6
strumicanet.com

Иконата на Богородица Брзопослушничка повторно низ улиците на Струмица – со силна порака од епископот Јаков


Сподели преку

Буџетот на Општина Струмица зголемен за речиси 13 милиони денари, најавени нови проекти

Советот на општина Струмица на денешната 9-та седница ги усвои измените и дополнувањата на тековниот Буџет на Општина Струмица, предложени од градоначалникот Петар Јанков. Со ребалансот, Буџетот е зголемен за речиси 13 милиони денари. Според градоначалникот Јанков, дополнителните средства се обезбедени по основ на поврат на ДДВ од централната власт во износ од околу 21,9 милиони денари, средства од Министерство за култура во висина од 1.005.000 денари за организација на Струмичкиот карневал, как...

пред 1 месец | 6
strumicanet.com

Буџетот на Општина Струмица зголемен за речиси 13 милиони денари, најавени нови проекти


Сподели преку

Во сабота Света Литија низ Струмица со иконата на Богородица Брзопослушничка

Во сабота, на 18 април, во Струмица по деветти пат ќе биде изнесена светата икона со ликот на Пресветата Богородица Брзопослушничка на улиците низ градот, во рамки на традиционалната Света Литија што ја организира Струмичка православна епархија. Празнувањето ќе започне во петок со свечена вечерна богослужба, додека главните активности се предвидени за сабота. Светата Божествена Литургија ќе започне во 8:30 часот во манастирот на Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици. Во 10:00 часот ќе...

пред 1 месец | 6
strumicanet.com

Во сабота Света Литија низ Струмица со иконата на Богородица Брзопослушничка


Сподели преку

Средношколци од „Никола Карев“ почнаа обнова на 190 клупи во градскиот парк во Струмица

Учениците од дрвопреработувачката струка при Државното средно училиште РЦСОО „Никола Карев“ од Струмица започнаа со монтажа на новиот дрвен дел од клупите за одмор во големиот струмички парк, кои претходно биле демолирани или оштетени. Станува збор за акција што започна уште во декември, кога учениците извршија мерење на клупите, а потоа на часовите по практична настава ги изработувале дрвените талпи. По нивното обликување и заштита со боја, деновиве започна поставувањето на терен. Со оваа актив...

пред 1 месец | 6
strumicanet.com

Средношколци од „Никола Карев“ почнаа обнова на 190 клупи во градскиот парк во Струмица


Сподели преку

Тешко повредена 21-годишна девојка во сообраќајка кај Дабиље

Вчера попладнето во 15:50 часот на магистралниот пат Струмица – Граничен премин „Ново Село“, во селото Дабиље, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „БМВ“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Ј.Ѓ.(21) од Пиперево и патничко возило „Цитроен“ со струмички регистарски ознаки, управувано од А.С.(25) од Смолари. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Ј.Ѓ., кои биле констатирани во струмичката болница. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Струмиц...

пред 1 месец | 6
strumicanet.com

Тешко повредена 21-годишна девојка во сообраќајка кај Дабиље


Сподели преку

Почина Веселин Ристов – Весо, долгогодишен фотограф во НУ „Завод и Музеј“ Струмица

Вчера на 75-годишна возраст почина Веселин Ристов – Весо, познат струмички фотограф и технички документатор во НУ „Завод и Музеј“ – Струмица, човек кој со години беше препознатлив дел од оваа институција. Ристов зад себе остава значаен белег преку својата посветена работа, професионалност и искрена љубов кон фотографијата. Низ неговиот објектив беа зачувани бројни моменти и сведоштва од културното и општественото живеење во Струмица. Неговата посветеност, одговорност и човечност ќе останат трајн...

пред 1 месец | 6
strumicanet.com

Почина Веселин Ристов – Весо, долгогодишен фотограф во НУ „Завод и Музеј“ Струмица


Сподели преку

Советот на Општина Струмица утре со седница: Ребаланс на буџетот, урбанизам, ново комунално возило, финансиски извештаи на училиштата

Советот на Општина Струмица утре, четврток (16 април), ќе ја одржи деветтата седница, со почеток во 10:00 часот. Пред советниците ќе се најдат вкупно 43 точки на дневен ред, меѓу кои повеќе значајни одлуки и програми поврзани со финансии, урбанизам, комунални услуги и образованието. Како една од најважните точки е предложената измена и дополнување на Буџетот на општина Струмица за 2026 година, како и измени на повеќе годишни програми поврзани со уредување на градежно земјиште, животна средина, ј...

пред 1 месец | 6
strumicanet.com

Советот на Општина Струмица утре со седница: Ребаланс на буџетот, урбанизам, ново комунално возило, финансиски извештаи на училиштата


Сподели преку

Дел од селото Куклиш утре без електрична енергија

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица за утре (среда, 15 април) најавија прекин на електричната енергија на дел од селото Куклиш, општина Струмица, односно од центарот на селото кон излезот за село Свидовица. Прекинот ќе биде во периодот од 09:00 до 15:00 часот. The post Дел од селото Куклиш утре без електрична енергија appeared first on Radio StrumicaNet.

пред 1 месец | 6
strumicanet.com

Дел од селото Куклиш утре без електрична енергија


Сподели преку

Промоција на книга за струмичанецот Васил Рингов – „Фудбал под сенка“ ќе биде претставена во Скопје

Биографската книга „Фудбал под сенка“, посветена на легендарниот македонски фудбалер, струмичанецот Васил Рингов, ќе биде промовирана на 17 април (петок) во книжарницата Литература.мк во „Дајмонд мол“ во Скопје, со почеток во 20:00 часот. Автор на делото е новинарот Срѓан Ивановиќ, а книгата се објавува постхумно, неколку месеци по смртта на Рингов, кој активно учествувал во нејзината подготовка. Датумот на промоцијата симболично се совпаѓа со неговиот роденден. Изданието, објавено од Арс Либрис...

пред 1 месец | 6
strumicanet.com

Промоција на книга за струмичанецот Васил Рингов – „Фудбал под сенка“ ќе биде претставена во Скопје


Сподели преку

Епископот Јаков ги посети болните во струмичката болница и им ја пренесе радоста на Христовото Воскресение

Викарниот Епископ Стобиски г. Јаков денеска, на третиот ден од Велигден, ја посети ЈЗУ Општа Болница Струмица, каде на хоспитализираните пациенти им ја возвести веста за Христовото Воскресение и заедно со свештеници од Струмичка Епархија им подарија црвени велигденски јајца. При посетата, Епископот Јаков најпрво имал средба со директорот на болницата д-р Гоце Христов, на која разговарале за можностите за заедничка соработка. Како што е соопштено, на средбата биле разгледани можности за поголема...

пред 1 месец | 6
strumicanet.com

Епископот Јаков ги посети болните во струмичката болница и им ја пренесе радоста на Христовото Воскресение


Сподели преку

Во Струмица ќе биде промовирана книгата „Месечините на нашите животи“ од Ацо Гогов

Во фоајето на НУЦК „Антон Панов“ во Струмица, на 18 април (сабота), со почеток во 20:00 часот, ќе се одржи промоција на книгата „Месечините на нашите животи“ од Ацо Гогов. Промотори на делото ќе бидат Никола Маџиров, поет и есеист, Трајче Бјадов, книжевник и д-р Ана Витанова Рингачева, универзитетски професор. Книгата „Месечините на нашите животи“ содржи лирски прози, микрофикции и раскази од претходните книги на авторот, како и некои нови, необјавени раскази. Во овие мали прози е фатен светот о...

пред 1 месец | 6
strumicanet.com

Во Струмица ќе биде промовирана книгата „Месечините на нашите животи“ од Ацо Гогов


Сподели преку