Не знаевме дека казнуваме згасната фирма наместо „Пулс“, се бранат обвинетите полицајци
„Називот на фирмата беше истакнат на вратата, на бел лист. Си пишуваше ДПТУ Класик ДМ ДООЕЛ Кочани“. Вака обвинетиот полицаец Кире Богатинов, се брани пред судот, откако Обвинителството откри дека казните кои биле за дискотеката „Пулс“ тој и неговите колеги ги пишувале на неактивна фирма.Тој посочи дека истата фирма била заведена и во Централниот регистар, па затоа ја навеле во службените документи. Обвинетите тврдат дека не знаеле дека станува збор за неактивна фирма сè до моментот кога против...