Одрони на патот Дебар – Маврово, екипите на терен
Дождот што врне од вчера попладне во дебарскиот регион предизвика помали одрони на повеќе патни правци, поради што надлежните апелираат на внимателно возење.Од дебарската секција на Јавното претпријатие за одржување на магистрални и регионални патишта информираат дека се регистрирани чести одрони од камен и земја, особено на делници каде што теренот е познат по вакви појави.Има помали, но чести одрони, а коловозите се влажни, поради што се препорачува строго почитување на сообраќајната сигнализа...