ЈПКД „Комуналец“ започна со пролетно уредување на островите долж булеварите во Струмица
ЈПКД „Комуналец“ Струмица започна со активности за пролетно уредување на островите долж булеварите во Струмица, со цел разубавување и подобрување на јавниот простор во градот. Со акцијата ќе бидат опфатени трите градски булевари – „Ленинова“, „Маршал Тито“ и „Гоце Делчев“, каде се врши одржување и уредување на пешачките острови преку машински и рачни методи. Од претпријатието информираат дека станува збор за редовни сезонски активности насочени кон создавање побезбедни, пофункционални и естетски...