„Зад секое име има лик и живот и емоции и желби и размисли, не се 63 загинати, туку се Надица и Матеј и Моника...“, вели Најчевска.
По повод годишнината од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, професорката Мирајна Најчевска се огласи на социјалните мрежи со емотивен статус. Таа потенцира дека бројките не можат да го заменат човечкиот живот и сеќавањето, нагласувајќи дека загинатите не се „63 лица“, туку конкретни луѓе со име, лице, желби и иднина.„Од мене мајката до мајките, татковците, сестрите, браќата, сопругите, децата, пријателите, соучениците, наставниците, роднините, комшиите на Стефанија, Тоше, Филип, Сара, Д...