Жичницата на Водно денес не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје ги известува патниците дека денес, 8 април 2026 година, жичницата на Водно нема да биде во функција поради засилен ветер.„Ветерот ја надминува безбедносната граница за непречено функционирање на објектот.Надлежните служби ја следат состојбата и штом временските услови дозволат, жичницата ќе продолжи со превоз на патниците“, информираат од ЈСП.