Бран пријави за семејно насилство: Четири лица уапсени за семејно насилство
Во изминатото деноноќие, полицијата регистрирала седум случаи на семејно насилство во Куманово, Тетово, Скопје и Кичево, при што четири лица се лишени од слобода, информираат од Министерството за внатрешни работи.Во Куманово, во 10:15 часот, приведен е М.М.(32), кој подолг период физички ја малтретирал сопругата и ѝ се заканувал.Во Тетово се регистрирани два случаи. Во првиот, 31-годишна жена пријавила дека била физички нападната од сопругот И.М.(31), кој е приведен и задржан во полициска станиц...