Ѓорѓиевски по реакциите од Ново Лисиче: Бесплатно паркирање за резиденти во цел Аеродром
Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски најави дека по реакциите на граѓаните се задржува старото правило за паркирање во Општина Аеродром, според кое сите резиденти – физички и правни лица – ќе можат да паркираат на сите зони на територијата на општината без да плаќаат надоместок.„Како човек кој ја добил најголемата доверба од граѓаните и кој секогаш се води од нивниот глас, чувствувам обврска јасно и транспарентно да ве информирам за одлуките што ги носиме, заедно. Дадена е насока до директо...