Одбраната во случајот „Пулс“ бара целосен увид во доказите презентирани на судењето
Во судскиот процес „ПУЛС“, одбраната упати серија приговори на начинот на кој се изведуваат доказите, откако беше потврдено дека тие не се физички присутни во судницата за време на главната расправа. Судијата пред присутните образложи дека доказниот материјал не се наоѓа во судската сала, ниту е директно достапен за судечкиот совет, судиите и судиите-поротници, туку е сместен во друга зграда, од безбедносни причини. Ова, според одбраната, ја оневозможува можноста за непосреден увид во доказите ш...