Француски студент пред суд во Сингапур, му се заканува затвор: Лижел сламка, па ја вратил во автомат
Осумнаесетгодишниот Французин Дидие Гаспар Овен Максимилијен се најде пред сингапурското правосудство откако, според наводите во обвинението, лижел сламка од автомат за сок од портокал, а потоа ја вратил назад во уредот.Властите го товарат за предизвикување неред и нарушување на јавниот ред, поради што му се заканува и затворска казна.Според локалните извештаи, Максимилијен објавил видео на Инстаграм во кое се гледа како го изведува тој чин, со натпис „градот не е безбеден“, пренесува BBC.Компан...