Се здружиле и добиле на лото три милиони евра: Сега треба да поделат.
Главната добивка од три милиони евра извлечена на белгиската национална лотарија ја освои група од 77 жители на градот Борнем, кои заеднички направиле уплата, така што секој од нив ќе добие по 39.000 евра, пренесуваат денешните белгиски медиуми.Откако било најавено дека „џекпотот“ ќе изнесува толкава сума, локалните жители кои купуваат тикети во продавницата за весници Летертрап се здружиле и формирале група во која секој вложил по 15 евра, пренесе телевизијата VRT.Сопственикот на Летертрап, Џое...