Акциска контрола во Карпош: Шест лица приведени
Шест лица се лишени од слобода во акциска контрола што ја спроведе полицијата на подрачјето на скопската општина Карпош, соопшти Министерството за внатрешни работи.Акцијата била реализирана во текот на ноќта меѓу 13 и 14 март во близина на спортски центар, при што полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје извршиле проверка на идентитет и преглед на вкупно 33 лица.Во рамки на контролата лишени од слобода се Љ.П. (42), С.Н. (45), Љ.А. (43) и И.Ц. (37), сите од Скопје...